34 Кога дојде време за гроздобер, тој ги испрати своите слуги кај лозарите, за да му го донесат делот од бербата што му припаѓа како надомест.
35 Но лозарите ги фатија слугите и едни претепаа, други убија, а некои каменуваа.
36 Тогаш сопственикот повторно испрати слуги, овојпат во поголем број, но и со нив постапија на ист начин.
37 Најпосле, сопственикот го испрати својот син, велејќи: ,Белки ќе имаат почит спрема син ми!‘
38 Но кога лозарите го видоа синот, си рекоа: ,Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!‘
39 Го зграпчија, го исфрлија од лозјето и го убија.
40 Што мислите, како ќе постапи со нив сопственикот на лозјето кога ќе дојде?“ ги запраша Исус.