40 Што мислите, како ќе постапи со нив сопственикот на лозјето кога ќе дојде?“ ги запраша Исус.
41 А тие Му одговорија: „Сигурно ќе ги погуби тие злосторници, а лозјето ќе им го даде под наем на други лозари, кои навреме ќе му го даваат плодот што му припаѓа.“
42 Исус им рече: „Зар не сте читале што вели Светото Писмо: ,Каменот што ѕидарите го отфрлија, стана каментемелник. Тоа го направи Господ, како прекрасна глетка пред нашите очи!‘“
43 „Затоа“ им рече Исус „од вас ќе се одземе Божјото царство и ќе им се даде на луѓе кои донесуваат достоен плод.“
44 („Кој ќе падне врз тој камен ќе се распарчи, а врз кого ќе падне тој камен ќе го згмечи!“)
45 Слушајќи ги Исусовите споредби, свештеничките поглавари и фарисеите сфатија дека се однесуваат на нив.
46 Затоа, тие сакаа да Го уапсат, но се плашеа од народот, кој Го сметаше Исуса за пророк.