5 „Порачајте му на Ерусалим: Еве Го, иде Твојот цар, понизно јавајќи на магарица и на магаренце -рожбата на магарицата.“
6 Учениците отидоа и го извршија она што им го беше заповедал Исус:
7 ги доведоа магарицата и младото магаренце, ги ставија врз нив своите облеки и Исус седна на нив.
8 Голем број луѓе ги постилаа своите облеки по патот; други кршеа гранчиња од дрвјата и ги постилаа на патот.
9 А народот што врвеше пред Исус, како и оние што одеа по Него, воскликнуваа, извикувајќи: „Спаси ни сега, Давидов Сине! Благословен е Тој што доаѓа во името Господово! Спаси ни сега Ти, Кој доаѓаш од небесните височини!“
10 Кога Исус влезе во Ерусалим, целиот град се раздвижи и почна да прашува: „Кој е Овој?“
11 А народот одговараше: „Овој е пророкот Исус од градот Назарет, во покраината Галилеја!“