1 Продолжувајќи да им зборува преку споредби, Исус им рече:
2 „Небесното царство може да се спореди со цар кој приредува свадба за својот син.
3 Ги испраќа своите слуги да ги повикаат поканетите на свадбата, но овие не сакаат да дојдат.
4 Повторно испраќа други слуги да им порачаат на поканетите: ,Гозбата е приготвена, јунците и телињата се заклани, си е готово, повелете на свадбата!‘
5 Меѓутоа, поканетите не сакаат да чујат, туку си заминуваат, кој на нива, кој на пазар.
6 Некои од нив дури ги тепаат слугите и ги убиваат.
7 Тогаш царот се налутува и испраќа војска да ги погуби убијците и да им го запали градот.