Maтеј 22:11-17 MNT

11 Тогаш влегува и царот да се сретне со гостите. Забележува еден човек кој не носи свечена облека и го прашува:

12 ,Пријателе, зошто си дошол овде без свечена облека?‘ А тој молчи.

13 Тогаш царот им заповеда на слугите: ,Врзете му ги нозете и рацете и фрлете го во најдлабоката темница. Таму ќе има лелекање и чкрипење со заби!‘

14 Зашто, иако мнозина се поканети, малцина се избрани“ заклучи Исус.

15 Тогаш фарисеите се повлекоа и почнаа да се договараат како да го уловат Исус да каже нешто за што ќе можат да Го обвинат.

16 Испратија кај Него некои од своите ученици и од приврзаниците на Ирод, да Го прашаат: „Учителе, познато ни е дека Ти си справедлив и дека секогаш ја зборуваш вистината за Божјиот пат, без оглед на тоа што ќе мислат луѓето, зашто не гледаш кој е кој.

17 Кажи ни, тогаш, според Тебе, право ли е да му плаќаме данок на римскиот император или не?“