28 Чија ќе биде жената на денот на воскресението, кога таа била мажена за сите седуммина?“
29 „Вие сте во заблуда“ им рече Исус „бидејќи не ги познавате ниту Светото Писмо ниту Божјата сила!
30 Зашто, кога луѓето ќе воскреснат, тие нема да бидат ни женети ни мажени, туку ќе бидат како ангелите на небото.
31 А што се однесува до воскресението на мртвите, зар не сте го прочитале тоа што ви го вели Бог:
32 ,Јас Сум Бог на Авраам, Бог на Исак и Бог на Јаков!‘ Значи, тие се живи, а не мртви, зашто Тој не е Бог на мртвите, туку на живите!“
33 Слушајќи го ова излагање на Исус, народот беше воодушевен.
34 Кога фарисеите разбраа дека Исус ги замолкнал садукеите, се собраа заедно,