37 Исус му одговори: „Сакај Го Господ, својот Бог, со сето срце, со сета душа и со сиот разум“.
38 Тоа е првата и наедно најважната заповед.
39 А втората е слична на првата, и гласи: „Сакај го својот ближен како самиот себе!“
40 Основата на целиот Божји Закон и целото учење на пророците, се овие две заповеди.
41 Кога се насобраа поголем број фарисеи, Исус ги запраша:
42 „Што мислите, чиј потомок е Месијата?“ Тие Му одговорија: „Давидов!“
43 А Исус им рече: „Како тогаш Давид, поттикнат од Божјиот Дух, го нарече Месијата ,Господ‘, кога рече: