5 Меѓутоа, поканетите не сакаат да чујат, туку си заминуваат, кој на нива, кој на пазар.
6 Некои од нив дури ги тепаат слугите и ги убиваат.
7 Тогаш царот се налутува и испраќа војска да ги погуби убијците и да им го запали градот.
8 Потоа ги повикува своите слуги и им вели: ,Гозбата е приготвена, но поканетите не се покажаа достојни.
9 Тргнете сега по раскрсниците и поканете го на свадбата секого што ќе го сретнете.‘
10 Така, слугите одат и ги доведуваат сите што ќе ги најдат, и добри и лоши. И свадбената сала се наполнува со гости.
11 Тогаш влегува и царот да се сретне со гостите. Забележува еден човек кој не носи свечена облека и го прашува: