Maтеј 23:25-31 MNT

25 Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Чашите и чиниите однадвор ги миете, а однатре се полни со она што сте го зеле преку грабеж и себично лакомство!

26 Слеп фарисеју! Прво нека биде чисто тоа што е во чашата, па ќе ђ биде чиста и надворешноста!

27 Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие сте како варосани гробови кои однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со коски на мртовци и со изгниени трупови!

28 На луѓето им се прикажувате како праведници, а однатре сте полни со лицемерство и гревови!“

29 „Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие им ѕидате гробници на пророците и ги украсувате спомениците на праведниците,

30 и велите: ,Да живеевме во времето на нашите предци, ние немаше да соучествуваме во убивањето на пророците!‘

31 Така самите признавате дека сте им потомци на оние што ги убиваа пророците!