11 Ќе се појават и многу лажни пророци и ќе заведат мнозина.
12 Грешноста ќе земе таков замав, што љубовта меѓу луѓето ќе станува си постудена.
13 Но тој што докрај ќе се одржи, ќе се спаси.
14 А Радосната вест за небесното царство ќе се проповеда по целиот свет, за да ја чујат сите народи. Тогаш ќе дојде крајот.“
15 „Значи, кога ќе видите дека богохулникот што пустоши се наместил на светото место за ова пишува пророкот Даниел, и секој читател треба да обрне внимание
16 тогаш, оние што ќе се најдат во покраината Јудеја нека бегаат кон планините,
17 тој што ќе се најде на покривот, да не слегува долу да земе нешто од покуќнината,