44 Значи, бидете духовно подготвени, зашто Јас, Синот Човечки, ќе дојдам во час во кој не Ме очекувате!“
45 „Значи, за кој слуга може да се рече дека е мудар и верен? Тоа е оној слуга што добил задача од својот господар да ги надгледува сите други слуги и навреме да ги храни,
46 и кој навистина си ја извршува задачата што му е доверена. Блазе си на таков слуга, кога ќе се врати неговиот господар!
47 Ве уверувам дека нему ќе му го довери сиот свој имот!
48 Но ако слугата е лош и си рече во себе: ,Мојот господар нема да се врати уште долго време!‘,
49 и почне да ги тепа своите другари, и да јаде и пие со пијаници,
50 тогаш неговиот господар ќе се врати во ден во кој не го очекува и во ненадеен час,