48 Но ако слугата е лош и си рече во себе: ,Мојот господар нема да се врати уште долго време!‘,
49 и почне да ги тепа своите другари, и да јаде и пие со пијаници,
50 тогаш неговиот господар ќе се врати во ден во кој не го очекува и во ненадеен час,
51 и ќе го казни најстрого, фрлајќи го меѓу оние кои само се преправале дека се искрени спрема господарот. Таму ќе има лелекање и крцкање со заби.“