7 Народите ќе војуваат едни против други, и држави против други држави. Глад и земјотреси ќе погодат многу места.
8 Сето ова ќе биде само како почеток на породилни болки!“
9 „Тогаш вас ќе ве апсат, ќе ве казнуваат и ќе ве убиваат. Поради верата во Мене, по целиот свет ќе ве мразат.
10 Во тоа време мнозина ќе се откажат од верата во Мене; едни други ќе се издаваат и меѓусебно ќе се мразат.
11 Ќе се појават и многу лажни пророци и ќе заведат мнозина.
12 Грешноста ќе земе таков замав, што љубовта меѓу луѓето ќе станува си постудена.
13 Но тој што докрај ќе се одржи, ќе се спаси.