1 „Кога ќе биде воспоставено небесното царство, тоа ќе биде како во следната споредба. Десет девојки ги зеле своите ламби и излегле да го пречекаат младоженецот.
2 Петте од нив биле глупави, а другите пет мудри.
3 Глупавите понесле со себе ламби, но не зеле и масло за горење.
4 Мудрите, пак, заедно со ламбите зеле и масло за горење.
5 Доаѓањето на младоженецот се забавило, па сите девојки задремале и заспале.