11 Подоцна пристигнале и другите девојки и почнале да викаат: ,Господине! Господине! Отвори ни!‘
12 А тој им одговорил: ,Не ве познавам кои сте!‘“
13 „Затоа“ заклучи Исус „бидете подготвени во секое време, зашто не го знаете ни денот, ни часот кога ќе се вратам.“
14 „Небесното царство може да се спореди со човек кој, пред да замине на пат, ги повикал своите слуги и им го предал својот имот да раководат со него.
15 На секој од нив им дал според нивните способности: на првиот му доверил пет илјади златници, на вториот две илјади, а на третиот илјада. Потоа тој заминал на пат.
16 Оној што добил пет илјади златници веднаш почнал да тргува со нив и спечалил уште пет илјади.
17 Исто така и оној што добил две илјади златници спечалил уште две илјади.