15 На секој од нив им дал според нивните способности: на првиот му доверил пет илјади златници, на вториот две илјади, а на третиот илјада. Потоа тој заминал на пат.
16 Оној што добил пет илјади златници веднаш почнал да тргува со нив и спечалил уште пет илјади.
17 Исто така и оној што добил две илјади златници спечалил уште две илјади.
18 А слугата што добил илјада златници ги скрил златниците на неговиот господар, закопувајќи ги вземи.
19 По подолго време господарот на слугите се вратил и ги повикал да му положат сметка.
20 Дошол оној што беше примил пет илјади златници, донесол уште други пет илјади и рекол: ,Господару, ти ми довери пет илјади златници; еве, со нив спечалив уште пет илјади‘
21 ,Одлично!‘ му одговорил господарот. ,Ти се покажа како добар и верен работник. Ја оправда довербата над она малку што ти го доверив; затоа сега ќе ти предадам многу повеќе. Влези и придружи се на веселбата што ја приредува твојот господар!‘