Maтеј 25:25-31 MNT

25 Се исплашив дека ќе ги загубам доверените златници, па отидов и ги закопав. Еве, ти го враќам твоето.‘

26 Тогаш неговиот господар му рекол: ,Лош и мрзлив слуго! Штом си знаел дека сум строг човек и дека жнеам каде што не сум сеел и берам каде што не сум садел,

27 зошто не ги стави моите пари в банка, та кога се вратив, со нив ќе добиев и камата!?‘

28 Затоа, земете му ги тие илјада златници и дајте му ги на оној што има десет илјади златници!

29 Секој што спечалил нешто со она што му е доверено, ќе му биде дадено уште и тој ќе има изобилно. А на тој што не спечалил ништо со она што му е доверено, ќе му биде земено и она малку што го има.

30 А бескорисниот слуга фрлете го надвор во темница таму каде што луѓето од мака лелекаат и чкртаат со сопствените заби!“

31 „Кога Синот Човечки ќе дојде во Сиот Свој сјај, придружен од сите Свои ангели, ќе седне на Својот славен престол