7 Девојките станале и почнале да ги подготвуваат своите ламби.
8 Тогаш глупавите им рекле на мудрите: ,Дајте ни од вашето масло за горење, зашто ламбите ни гаснат!‘
9 Но мудрите им одговориле: ,Немаме доволно масло и за вас и за нас; затоа, појдете кај трговците и купете си!‘
10 Додека тие отишле да купат масло, младоженецот пристигнал. Тие што биле подготвени, влегле со него на свадбата, по што вратата била затворена.
11 Подоцна пристигнале и другите девојки и почнале да викаат: ,Господине! Господине! Отвори ни!‘
12 А тој им одговорил: ,Не ве познавам кои сте!‘“
13 „Затоа“ заклучи Исус „бидете подготвени во секое време, зашто не го знаете ни денот, ни часот кога ќе се вратам.“