27 Тогаш војниците на гувернерот Го воведоа Исуса во дворот и околу Него се насобра цела чета војници.
28 Тие Му ја соблекоа горната облека и Му облекоа црвена наметка.
29 Исплетоа венец од трње и Му го ставија на главата, а во десната рака Му ставија една трска. Потоа паѓаа пред Него на колена и Му се подбиваа, велејќи Му: „Здраво, еврејски царе!“
30 Го плукаа и со трската Го удираа по главата.
31 Откако доволно се изнашегуваа со Исус, Му ја симнаа црвената наметка и повторно Му ја облекоа Неговата горна облека. Потоа Го поведоа на распнување.
32 По пат сретнаа еден човек по име Симон, од градот Кирена, и го натераа да го носи крстот за распнувањето на Исус.
33 Стигнаа на местото наречено Голгота, што во превод значи „Череп“.