30 Го плукаа и со трската Го удираа по главата.
31 Откако доволно се изнашегуваа со Исус, Му ја симнаа црвената наметка и повторно Му ја облекоа Неговата горна облека. Потоа Го поведоа на распнување.
32 По пат сретнаа еден човек по име Симон, од градот Кирена, и го натераа да го носи крстот за распнувањето на Исус.
33 Стигнаа на местото наречено Голгота, што во превод значи „Череп“.
34 Му понудија на Исус пијалак од вино помешано со една горчлива течност за ублажување на болките, но кога Тој вкуси не сакаше да го пие.
35 Војниците Го распнаа Исуса на крстот и со жрепка си ги поделија меѓу себе Неговите алишта.
36 Потоа седнаа и стражареа околу Него.