32 По пат сретнаа еден човек по име Симон, од градот Кирена, и го натераа да го носи крстот за распнувањето на Исус.
33 Стигнаа на местото наречено Голгота, што во превод значи „Череп“.
34 Му понудија на Исус пијалак од вино помешано со една горчлива течност за ублажување на болките, но кога Тој вкуси не сакаше да го пие.
35 Војниците Го распнаа Исуса на крстот и со жрепка си ги поделија меѓу себе Неговите алишта.
36 Потоа седнаа и стражареа околу Него.
37 Над главата Му ставија натпис за Неговата вина. Натписот гласеше: „Ова е Исус, царот на Евреите.“
38 Заедно со Него распнаа и двајца злосторници: едниот оддесно, другиот одлево на Исус.