35 Војниците Го распнаа Исуса на крстот и со жрепка си ги поделија меѓу себе Неговите алишта.
36 Потоа седнаа и стражареа околу Него.
37 Над главата Му ставија натпис за Неговата вина. Натписот гласеше: „Ова е Исус, царот на Евреите.“
38 Заедно со Него распнаа и двајца злосторници: едниот оддесно, другиот одлево на Исус.
39 Минувачите покрај крстот Го навредуваа Исуса, вртејќи со главите и
40 извикувајќи: „Ти, што тврдеше дека ќе ни го разурнеш храмот и за три дена повторно ќе го подигнеш, спаси се сега! Ако си Ти Божјиот Син, ајде симни се од крстот!“
41 На сличен начин Му се подбиваа и свештеничките поглавари, старешините и вероучителите. Тие говореа: