37 Над главата Му ставија натпис за Неговата вина. Натписот гласеше: „Ова е Исус, царот на Евреите.“
38 Заедно со Него распнаа и двајца злосторници: едниот оддесно, другиот одлево на Исус.
39 Минувачите покрај крстот Го навредуваа Исуса, вртејќи со главите и
40 извикувајќи: „Ти, што тврдеше дека ќе ни го разурнеш храмот и за три дена повторно ќе го подигнеш, спаси се сега! Ако си Ти Божјиот Син, ајде симни се од крстот!“
41 На сличен начин Му се подбиваа и свештеничките поглавари, старешините и вероучителите. Тие говореа:
42 „Други спасуваше, а Самиот не може да се спаси! Тој ми бил цар на Израел! Нека се симне сега од крстот, па ќе Му веруваме!
43 На Бога се повикуваше, сега Тој нека Го избави, ако Му е навистина мил! Нели Самиот тврдеше дека е Божји Син!?“