44 На ист начин Го навредуваа и со Него распнатите злосторници.
45 Меѓу дванаесет и петнаесет часот над целата земја се спушти густа темнина.
46 Околу петнаесет часот, Исус извика со силен глас: „Ели, Ели, л’ма ш’вактани?“ што во превод значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!?“
47 Некои од присутните Го слушнаа ова и рекоа: „Го довикува пророкот Илија!“
48 Еден од нив веднаш истрча, накваси сунѓер во оцет, го закачи на врвот од трска и Му понуди на Исус да се напие.
49 Другите, пак, говореа: „Чекајте, да видиме дали ќе дојде Илија да Го спаси!“
50 Исус уште еднаш извика со силен глас и умре.