49 Другите, пак, говореа: „Чекајте, да видиме дали ќе дојде Илија да Го спаси!“
50 Исус уште еднаш извика со силен глас и умре.
51 Во тој миг, завесата во храмот се расцепи на два дела озгора додолу. Земјата се тресеше и карпите распукнуваа!
52 Гробници се отворија и телата на голем број починати праведници воскреснаа!
53 Тие излегоа од гробниците и по Исусовото воскресение дојдоа во светиот град и им се покажаа на многу луѓе.
54 Римскиот офицер и војниците кои стражареа крај Исус го почувствуваа земјотресот, а ги забележаа и останатите случки. Од тоа многу се исплашија и говореа: „Овој човек навистина беше Божјиот Син!“
55 Тука беа присутни и голем број жени, кои уште од Галилеја Го придружуваа Исуса и Му помагаа.