57 Таа вечер, еден богат човек од Ариматеја, кој се викаше Јосиф, а беше Исусов ученик,
58 дојде кај Пилат и го побара Исусовото тело.
59 Пилат одобри да му се даде. Тогаш Јосиф го зеде телото, го завитка во чисто платно
60 и го положи во својата нова, дотогаш некористена гробница, издлабена во карпа. На отворот постави голем камен и си замина.
61 Спроти гробницата останаа да седат Марија Магдалена и другата Марија.
62 Утредента, во саботата, кај Пилат дојдоа заедно свештеничките поглавари и фарисеите.
63 Тие му рекоа: „Господине! Се сетивме дека оној измамник, уште додека беше жив, рече: „На третиот ден ќе воскреснам од мртвите!“