15 Стражарите ги зедоа парите и постапија онака како што им беше кажано. За ова меѓу Јудејците се раскажува до денденес.
16 Единаесеттемина Исусови ученици отидоа во Галилеја, на гората на којашто Исус им закажа средба.
17 Кога Го видоа, тие Му се поклонија, иако некои од нив останаа неуверени.
18 Приближувајќи им се, Исус им рече: „Ми се даде целата власт, на небото и на Земјата.
19 Одете меѓу сите народи и создадете од нив Мои ученици; крштавајте ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух;
20 Учете ги новите следбеници да го извршуваат сето она што вам ви го заповедав. А Јас ви ветувам дека секојдневно ќе бидам со вас, се до свршетокот на времето. Амин!“