2 Одненадеж почвата силно се затресе; ангел Господов слезе од небото, го тргна каменот со кој беше затворена гробницата и седна врз него.
3 Лицето му светеше како молскавица, а облеката му беше бела како снег.
4 Стражарите толку се исплашија, што како мртви испопаѓаа по земјата.
5 Ангелот им се обрати на жените: „Не плашете се! Знам дека Го барате распнатиот Исус.
6 Не е тука; воскресна, како што однапред ви беше рекол! Влезете и погледнете го местото каде што беше положено Неговото тело.
7 Одете брзо и кажете им на Неговите ученици дека Тој воскресна од мртвите и дека е на пат кон Галилеја. Појдете таму и ќе Го видите. Еве, дојдов да ви го кажам тоа.“
8 Со измешани чувства на страв и радост жените веднаш ја напуштија гробницата и со трчање се упатија кон Исусовите ученици да ги известат за ова.