1 Во тоа време, во јудејската пустина започна да проповеда Јован Крстител. Неговата порака беше:
2 „Покајте се, зашто небесното царство се приближува!“
3 Тој е човекот што беше претскажан од пророкот Исаија со зборовите: „Глас одекнува низ пустината, кој вели: ,Пригответе пат за доаѓањето на Господ, исправете го патот за Него!‘“
4 Јован носеше облека исплетена од камилски влакна, а околу појасот носеше кожен ремен; се хранеше со скакулци и див мед.