Maтеј 3:9-15 MNT

9 Не залажувајте се со тоа што сте потомци на Авраам, зашто, ви велам, Бог може и од овие камења да направи Авраамови потомци!

10 Божјата секира е веќе замавната и в корен ќе го пресече и в оган ќе го фрли секое дрво што не раѓа добар плод.

11 Јас ве крштавам во вода, врз основа на вашето покајание, но Оној што иде по мене е многу поголем од мене и јас не сум достоен ни сандалите да Му ги одврзам; Тој ќе ве крсти со Светиот Дух и со оган.

12 Тој има лопата в раце и ќе го исчисти Своето гумно: житото ќе го собере во житните складови, а плевелот ќе го гори во вечен оган.“

13 Во тоа време, од Галилеја дојде Исус да се крсти кај Јован, во реката Јордан.

14 А Јован го одвраќаше, велејќи Му: „Ти треба да ме крстиш мене, а не јас Тебе!“

15 Но Исус му рече: „Така треба да биде сега, зашто ние треба да исполнуваме си што е правилно.“ Тогаш Јован се согласи и Го крсти.