1 Кога Исус виде толку народ, се искачи на ридот, па откако седна, Му пристапија Неговите ученици
2 и Тој започна да ги поучува вака:
3 „Благословени се оние кои се чувствуваат духовно сиромашни, зашто на таквите им припаѓа небесното царство!
4 Благословени се оние што тагуваат, зашто ќе бидат утешени!
5 Благословени се кротките луѓе, зашто тие ќе бидат наследниците на Земјата!
6 Благословени се луѓето кои се гладни и жедни за правда, зашто тие ќе бидат задоволени!
7 Благословени се милостивите луѓе, зашто тие ќе бидат помилувани!