37 кажете само ,Да‘ или ,Не‘; а секакво заколнување покрај ова е поттикнато од Злиот.‘“
38 „Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон било заповедано вака: ,Око за око, заб за заб.‘
39 Јас, пак, ви велам: ,Не возвраќајте им на оние што ви прават зло! Ако некој те удри по едниот образ, сврти му го и другиот.
40 Ако некој те тужи за да ти ја земе кошулата, дај му го и палтото.
41 Ако некој те присили да му ги носиш торбите еден километар, ти носи му ги два километри.
42 Кога некој ќе запроси нешто од тебе дај му; и не одбивај човек што бара да позајми нешто од тебе.‘“
43 „Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон било заповедано и ова: ,Сакај ги своите ближни, а мрази ги своите непријатели.‘