21 Зашто, каде што ви е богатството, таму ќе ви биде и срцето.
22 Очите се светилка за телото; ако ти се здрави очите, целото тело ќе ти биде осветлено;
23 ако, пак, очите не ти се добри, целото тело ќе ти биде затемнето. Значи, ако тоа што во тебе треба да е светлина, всушност е темнина, колку ли е црна темнината!?
24 Никој не може да им служи на двајца господари: или едниот ќе го сака, а другиот ќе го мрази, или пак едниот ќе го почитува, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите и на Бога и на парите.
25 Затоа, ви велам, да не ве мачат грижи за неопходната храна и облека кои ви се потребни за живот; зар животот не е повеќе од храна и облека за телото?
26 Погледнете ги птиците во небесниот свод: тие ни сеат, ни жнеат, ниту пак резерви си напластуваат; па сепак, вашиот небесен Татко ги храни. Та зар за Бог вие не сте повредни од нив!?
27 Можат ли сите ваши грижи, макар и за педа да ви го продолжат животот?