12 „Постапувајте со луѓето онака како што сакате тие да постапуваат со вас тоа е суштината на Мојсеевиот Закон и на она што го проповедаа пророците.“
13 „Влезот во Божјото царство е низ тесна врата, а мнозинството луѓе одат по широкиот и лесен пат кој води во пропаст!
14 А мала е вратата и тесен е патот што водат во вечен живот, и мал број луѓе го наоѓаат.“
15 „Чувајте се од лажни пророци; тие доаѓаат кај вас во овча кожа, но однатре се грабливи волци.
16 По нивните плодови ќе ги распознаете: трнот сигурно не раѓа грозје, ниту пак чичката раѓа смокви!
17 Секое питомо дрво раѓа питоми плодови, а секое диво дрво раѓа диви плодови.
18 Од питомото дрво не може да произлезе див плод, ниту пак од дивото дрво може да произлезе питом плод.