1 Кога Исус слезе од ридот, голема толпа народ одеше по Него.
2 Тогаш, еден човек заболен од лепра Му се приближи, клекна на колена и рече: „Господе, ако сакаш, Ти можеш да ме исцелиш!“
3 Исус ја испружи својата рака, го допре и му рече: „Сакам, оздрави!“ Во истиот миг, човекот беше излекуван од лепрата.
4 Тогаш, Исус му рече: „Не кажувај никому, туку оди веднаш на преглед кај свештеникот, а потоа принеси дар како што е пропишано според Мојсеевиот Закон, за да се увери јавноста.“
5 Кога Исус влезе во градот Кафарнаум, го пресретна еден римски офицер и почна да го моли,
6 со следниве зборови: „Господе, мојот слуга лежи дома парализиран и со силни болки.“
7 Исус му одговори: „Ќе дојдам и ќе го излекувам.“