19 Исус стана и тргна по него, заедно со Своите ученици.
20 А една жена, која дванаесет години боледувала од незапирливо крвавење, Му се приближи на Исуса одзади и допре едно крајче од Неговата облека,
21 бидејќи во себе си велеше: „Само да ја допрам Неговата облека и ќе оздравам!“
22 Исус се сврте, ја погледна и ђ рече: „Не плаши се, ќерко, ти оздраве врз основа на твојата вера.“ Во истиот миг, жената оздраве.
23 Потоа, Исус пристигна во куќата на началникот. Кога ги виде погребните музичари и избезумените луѓе,
24 им рече: „Тргнете се, зашто девојката не е мртва, туку спие!“ А тие Му се подбиваа.
25 Кога луѓето излегоа надвор, Исус влезе, ја фати девојката за рака и таа стана.