2 Таму луѓето Му донесоа на носила еден парализиран човек. Кога Исус ја виде нивната вера, му се обрати на парализираниот: „Не плаши се, синко, гревовите ти се простуваат!“
3 Тогаш, некои вероучители си помислија во себе: „Овој човек е богохулник!“
4 Исус, пак, проѕирајќи им ги мислите, рече: „Зошто ви доаѓаат такви зли мисли?
5 Што е полесно да се каже: ,Гревовите ти се простуваат‘ или ,Стани и оди!‘?
6 Но ќе ви докажам дека Јас, Синот Човечки, имам власт овде на Земјата да простувам гревови!“ Тогаш му се обрати на парализираниот и му рече: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!“
7 Човекот стана и оздравен си отиде дома.
8 Кога го виде ова, народот го обзеде страв, па Му оддаде слава на Бога, што им пратил човек со ваква моќ.