Римјаните 5:3-9 MNT

3 Но тоа не е се. Ние ја гледаме светлата страна и кога поднесуваме неволи, свесни дека преку неволи се здобиваме со трпеливост,

4 трпеливоста гради цврст карактер, а карактерот ни ја одржува надежта

5 што никогаш нема да не разочара. Темел на нашата надеж ни е Божјата љубов што веќе е влеана во нашите срца, со посредство на Светиот Дух.

6 Имено, уште додека бевме беспомошни, во вистинскиот момент Христос умре за нас, иако ние не го познававме Бога.

7 Тешко би се нашол човек што би се понудил да умре дури и за некој праведен човек. За исклучително добар човек, можеби некој и би се решил да умре,

8 но Бог ни покажа колку многу не сака кога Го испрати Христос да умре за нас уште додека бевме грешници.

9 Сега, откако сме оправдани преку крвта на Христос што се пролеа за нас, можеме да бидеме уште посигурни дека заради Исус ќе бидеме поштедени од Божјиот гнев.