1 Што да кажеме на ова? Треба ли да продолжиме да грешиме, за Бог да стане уште поблагонаклонет спрема нас?
2 Никако! Ние сме веќе мртви за гревот. Како би можеле тогаш да продолжиме да живееме во грев?
3 Зар не знаете дека сите што се крстивме, идентификувајќи се така со Исус Христос, преку крштавањето „умревме“ заедно со Него?
4 Кога се крстивме, ние „умревме“ и бевме „погребани“ заедно со Исус. Па како што Христос потоа воскресна од мртвите со помош на величествената сила на небесниот Татко, така и ние, по крштавањето да зачекориме во еден нов живот.
5 Ако на ваков начин се придруживме во Христовата смрт, ќе воскреснеме и ние како што воскресна Тој.