Римјаните 6:2-8 MNT

2 Никако! Ние сме веќе мртви за гревот. Како би можеле тогаш да продолжиме да живееме во грев?

3 Зар не знаете дека сите што се крстивме, идентификувајќи се така со Исус Христос, преку крштавањето „умревме“ заедно со Него?

4 Кога се крстивме, ние „умревме“ и бевме „погребани“ заедно со Исус. Па како што Христос потоа воскресна од мртвите со помош на величествената сила на небесниот Татко, така и ние, по крштавањето да зачекориме во еден нов живот.

5 Ако на ваков начин се придруживме во Христовата смрт, ќе воскреснеме и ние како што воскресна Тој.

6 Сега знаеме дека нашата стара природа беше закована на крстот и умре заедно со Исус, за да му се одземе силата на гревот во нас. Затоа ние веќе не треба да му бидеме робови на гревот.

7 Гревот не може да владее со мртов човек!

8 Значи, ако „умревме“ со Христос, веруваме дека со Него и ќе живееме.