Римјаните 7:13-19 MNT

13 Дали ова значи дека мојата смрт ја предизвика она што е во суштина добро, односно Божјиот Закон? Никако! Гревот е тој што ме уби, искористувајќи ја добрата заповед. Но истовремено, преку таа заповед, се покажа дека гревот е страшна и грозна работа.

14 Очигледно е дека Законот е духовен, добар, но јас сум човек од крв и месо, продаден како роб на гревот.

15 Сам себеси не можам да се разберам. Не го правам тоа што го сакам, туку она што го мразам.

16 Со самото тоа што ме гризе совеста кога правам грев, јас се согласувам со Божјиот Закон и потврдувам дека тој е добар,

17 но, не успевам да се противставам, бидејќи гревот е во мене и ме тера да грешам.

18 Свесен сум дека во мене, односно во моето тело, нема сили за ништо добро. Желба за добро има во мене, но не и сила да го извршам.

19 Не го правам тоа што е добро, како што би сакал, туку го правам она што не го сакам, она што е грешно.