Римјаните 7:7-13 MNT

7 Што значи тоа? Дали Божјиот Закон е лош? Се разбира, не! Зашто да не беше Законот, јас немаше да знам дека сум грешен. Ако Законот не кажуваше: „Не посакувај туѓо!“ немаше да знам дека е лошо да се посакува туѓото.

8 Од друга страна, гревот ја искористи можноста, па преку таа заповед во мене поттикна најразлични грешни желби. Значи, без Законот гревот не би бил делотворен!

9 И јас порано живеев без Законот. Но кога се соочив со заповедта, наеднаш, гревот оживе!

10 Сфатив дека сум осуден на смрт! Така заповедта, чија цел беше да ми даде живот, ми донесе смртна казна!

11 Гревот ја искористи можноста и преку таа заповед ме измами, ме прогласи виновен, осуден на смрт.

12 Законот си е свет. Таа заповед е света, праведна и добра.

13 Дали ова значи дека мојата смрт ја предизвика она што е во суштина добро, односно Божјиот Закон? Никако! Гревот е тој што ме уби, искористувајќи ја добрата заповед. Но истовремено, преку таа заповед, се покажа дека гревот е страшна и грозна работа.