Римјаните 8:28-34 MNT

28 Знаеме дека се што се случува, Бог ќе го насочи така што да испадне на добро за оние што Го сакаат Бога и што се од Него повикани за свети цели.

29 Однапред познавајќи ги луѓето, Бог ги одбра Своите, со цел да ги преобрази така што ќе бидат слични на Неговиот Син, Исус, Кој е првороден за да има многу браќа и сестри.

30 А тие што ги одбра, Бог ги повика, ги оправда и ги прослави.

31 Што да кажеме на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе биде против нас?

32 Кога Бог ни Својот Сопствен Син не Го поштеди, туку Го даде за откуп на сите нас, зар заедно со Исус нема да ни подари и се друго?

33 Кој може да подигне обвинение против оние што Бог ги одбра и ги оправда!?

34 Кој може да не осуди нас, Божјите избраници? Такво право и таква сила има само Исус Христос, но токму Тој умре и воскресна за нас, а и сега се зазема за нас, седејќи на почесното место, од десната страна на Бог!