13 Токму затоа Бог во Светото Писмо вели: „Јакова го засакав, а Исава го отфрлив.“
14 Значи ли ова дека Бог е неправеден? Никако!
15 На Мојсеј Бог му рече: „Спрема кого сакам ќе имам милост, спрема кого сакам ќе се сожалам.“
16 Значи, Божјиот избор е резултат на Неговата милост, а не е заслуга на оние што сакале или пак на оние што вложувале сопствени напори.
17 Светото Писмо кажува дека Бог вака му рече на фараонот: „Те направив цар, за да се покаже над тебе Мојата сила и за да се прочуе Моето име по целата Земја.“
18 Значи, спрема кого сака Бог ќе се смилува, а кого сака ќе го остави тврдоглав.
19 Несомнено некој ќе рече: „Зошто тогаш Бог смета дека одговорноста е кај луѓето? Кој може да се противстави на она што Бог наумил да го стори?“