Римјаните 9:18-24 MNT

18 Значи, спрема кого сака Бог ќе се смилува, а кого сака ќе го остави тврдоглав.

19 Несомнено некој ќе рече: „Зошто тогаш Бог смета дека одговорноста е кај луѓето? Кој може да се противстави на она што Бог наумил да го стори?“

20 Но кој си па ти, човеку, да Му приговараш на Бог!? Зар ракотворбата ќе му приговори на мајсторот: „Зошто си ме направил ваква?“

21 Зар грнчарот нема право од иста смеса глина да направи еден сад за благородна, а друг за неблагородна употреба?

22 Бог има право да го излее Својот гнев и да ја покаже Својата сила, но има право и да биде долготрпелив спрема оние на кои им е гневен, луѓе кои самите се подготвиле за сопствено уништување.

23 Тој има право да ги излее богатствата на Својата слава врз оние спрема кои ја насочи Својата благонаклоност, оние што ги беше приготвил за слава.

24 Во овие вториве спаѓаме и ние, а нас не има не само од Евреите, туку и од другите народи.