Римјаните 9:25-31 MNT

25 Еве што вели Бог за тоа во книгата на пророкот Осија: “На оние што не биле Мој народ ќе им речам: ,Мој народе!‘ На оние што не биле сакани ќе им речам: ,Драги Мои!‘“

26 и „На истото место каде што им беше речено: ,Вие не сте Мој народ.‘ сега ќе бидат наречени деца на Живиот Бог.“

27 Во врска со Израел, пророкот Исаија извикуваше: „Дури и ако Израелците станат многубројни како морскиот песок, само мал број од нив ќе се спасат!

28 Господ брзо ќе ја спроведе казната што ја има изречено за Земјата!“

29 На друго место пророкот Исаија вели: „Ако Семоќниот Господ не оставеше од нас преживеани, ќе бевме целосно уништени како Содом и Гомора!“

30 Што можеме да заклучиме од ова? Иако другите народи не се трудеа да се здобијат со праведност пред Бог, добија можност за праведност и тоа преку вера.

31 Израелците, пак, се обидуваа да се здобијат со праведност преку придржување кон Мојсеевиот Закон, но не успеаја.