12 Не поучи да се откажеме од безбожниот начин на живеење и од световните похоти, па да почнеме да живееме разумно, праведно и побожно,
13 очекувајќи го тој прекрасен ден на кој се надеваме, кога величествено ќе се врати нашиот Велик Бог и Спасител Исус Христос.
14 Тој се жртвуваше за нас, за да не ослободи од секаков грев и да не направи чисти. Тој сака ние да бидеме Негов народ и од се срце да го правиме она што е добро.
15 Учи ги луѓето на ова, поттикнувај ги, и со целосен авторитет укорувај ги непослушните. Не дозволувај никој да го омаловажува тоа што го проповедаш.