Тит 2:8-14 MNT

8 Зборувај умесно и разбирливо, за да не може никој да те прекорува, а секој противник да се засрами, немајќи ништо лошо да каже за тебе.

9 Робовите во се нека им се покоруваат на своите господари, без да се муртат и да противречат.

10 Не смеат да поткраднуваат. Треба да покажат верност и добрина, зашто така ќе придонесат луѓето многу повеќе да го почитуваат учењето на нашиот Спасител и Бог.

11 Бог ни покажа колку ни е благонаклонет со тоа што дојде да ги спаси сите луѓе.

12 Не поучи да се откажеме од безбожниот начин на живеење и од световните похоти, па да почнеме да живееме разумно, праведно и побожно,

13 очекувајќи го тој прекрасен ден на кој се надеваме, кога величествено ќе се врати нашиот Велик Бог и Спасител Исус Христос.

14 Тој се жртвуваше за нас, за да не ослободи од секаков грев и да не направи чисти. Тој сака ние да бидеме Негов народ и од се срце да го правиме она што е добро.