Тит 3:1-7 MNT

1 Потсетувај ги луѓето да им се покоруваат на властите и управниците и да бидат послушни. Секогаш да бидат подготвени да прават добро.

2 За никого да не зборуваат лошо и да не се караат со луѓето, туку да бидат пријателски настроени и кротки спрема сите.

3 Порано и ние бевме неразумни и непокорни, одевме по погрешниот пат, бевме робови на грешни страсти и на секаков вид телесни задоволства. Бевме злобни, завидливи и исполнети со омраза. Се мразевме еден со друг.

4 Но тогаш Бог, нашиот Спасител, ни покажа колку не сака и колку ни е благонаклонет,

5 кога не спаси, не затоа што со нашите постапки тоа го заслуживме, туку затоа што Тој е милостив. Со силата на Светиот Дух не изми, не прероди и направи од нас нови суштества.

6 Изобилно Го излеа врз нас Светиот Дух, преку нашиот Спасител, Исус Христос.

7 Не оправда, затоа што ни е благонаклонет и сега можеме да се надеваме дека ќе добиеме вечен живот.