15 Кога Бог, Кој ме избра уште од мајчина утроба и ме повика преку Својата благодат, благоволи
16 во мене да Го открие Својот Син за да благовестувам за Него меѓу незнабошците, – веднаш, не го прашав ни телото, ниту крвта,
17 ниту, пак, отидов во Ерусалим кај оние што станаа апостоли пред мене, туку заминав за Арабија и пак се вратив во Дамаск.
18 А три години подоцна отидов во Ерусалим за да се видам со Кифа, и останав кај него петнаесет дена.
19 А, пак, од апостолите не видов никој друг, освен Јаков, братот Господов.
20 А за она што ви пишувам, еве, пред Бога велам дека не лажам.
21 А потоа дојдов во земјите Сириски и Киликиски.